друг (прид.) - тој (зам.)

Нарачав четири коли такси: во едната седнав јас, во другата тој, во третата го ставив весникот во кој беа објавени резултатите, во четвртата мистријата и фанглата со кои работев, и им наредив на таксистите да возат, да кружат низ градот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Најстарото запишано име на Македонија е Ематија (Ематхиа). Според една легенда Ематос било име на македонски крал, според друга тој е син на Македон, при што името на земјата е дадено според физичките особености што се објаснувало со хеленскиот збор за песок.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Освен за Костадина и за Бошета, за сите другите тој ќе остане тајна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Посебно интересна е контроверзата околу Деридиниот придонес за феминизмот; според некои, Дерида е значаен затоа што укажал дека “фунда­ менталните философски прашања не можат да се одделат од промислувањето на разликата во полот”, според други тој е “последниот во долгата линија на синови кои ја оплакуваат долгоочекуваната смрт на татка си”.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Беше еден лилав септемвриски ден, за другите тој секако беше сончев и чист, доѕидуваа некакво банкарско здание во Букурешт, беше на највисокото скеле, остануваа уште неколку реда тули до чатијата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И не е никакво чудо, Адем е чифликсајбија со имот од илјада дулуми, илјада и петстотини овци, сто и педесет говеда, дваесет коњи; со кула и кошари за чифчиите, а Муарем е негов измеќар, само за разлика од другите тој не е обичен слуга, а служи со извесен понос.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За другите тој е другарот Едо или дури и другарот Бранов...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)