друг (прид.) - што (зам.)

Станува збор за стручњаци за типографија, за обликување и произведување на печатарски букви, историчари за натписи (епиграфика) и за ракописи (палеографија), за историчари на уметноста, стручњаци за судска медицина и многумина други што се заинтересирани како за естетските особини на графичкото изразување така и за неговите утилитарни функции (во издаваштвото, огласувањето, картографијата итн.).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И во едната и во другата што ќе прави?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Позната е на пример синтагмата од турцизмите и башка и барабар, со значење дека не е добро, ниту прифатливо еден народ да живее изолирано (башка) од другите народи, ниту под преголемо влијание од другите што би водело до асимилација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа е нешто како источниот јингг и јангг или балканското ајде и јаваш потсети Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Внучиња, едни тагуваа што ве немаат други што ве оставаат и потоа заедно легнаа под мене мракот мој да не го видите.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Се качив во возот, а ми идат илјада и една помисла една со друга што не се познава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во таа година се протерувани од Шпанија со удари на антиклерикалното движење језуитите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во Грција е прв крал баварскиот потомок Ото, и се раѓа еден Леополд (под протекторат на еден Леополд ќе се создаде колонијалистичкото Интернационално африканско здружение), и се раѓа американскиот засмејувач и исмејувач Марк Твен, врсник на рускиот сатиричар Минаев, и една јармодржечка сенка ѝ ја отстапува круната на другата што се надвиснува над подјармени народи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лета јастреб на летното небо под нечитливиот краснопис на зодијакот најпрвин во кругови широки и нагли како скришни помисли потем сѐ поситно, опсесивно запира на родното дно наспроти сѐ друго што и натаму се врти околу својата замислена оска.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Едните што беа на страната на Николчета им се лутеа на другите што ѝ помогнаа на Трајанка, зошто ги разделила.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И така Јоше правел сѐ што ќе му речел татко, само за да може да свири, да има некој да го слуша, да има и друг што ќе се радува со неговото свирење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)