друг (прид.) - ја (зам.)

Друго не можеа да ѝ забележат освен што не беше сплетена „прцле“ та ѝ викаа „стришко“, други ја презираа што оди со машките во училиште и ѝ викаа „машкар-камара бик Стојна“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Историјата, едни ја пишуваат, други ја коригираат.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Миќо веќе вриеше, тој стана од земи, потскокнуваше на едната нога, а другата ја влечеше осркајќи и, лут, се спреми дури да намавне на мене, но сепак се здржа и се задоволи само со карање: „Будала!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Само со тебе и со ниедна друга ја почувствував лулашката на спокојот...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Плаштот на ноќта ја криеше магијата на одговорите. Онаа за покосените љубови беше лажна слика што други ја создаваа за него.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во шталата остана само една крава и писул обесен на шајка кој кажуваше дека другата ја дал на партизаните.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако каже една вистина, другата ја прикрива.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Другиот ја дувна бубалката од показалецот и продолжи: „Се лутевте што сум освоил туѓа жена.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
(Една жетварка почнува, а другите ја прифаќаат, исто така и куќните.) Прошетав горе, прошетав долу За да ја видам таа што ја сакам, За да ја видам таа што ја сакам, Таа што ја сакам и што ме сака.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Прстите од едната рака ги пушти да ја допираат по наборите од блузата, а другата ја стави на нејзиниот грб шетајќи од горе до долу, неколкупати, чувствувајќи ги кревките чаталчиња на нејзините ’рбетни пршлени.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И веќе навистина умирав осамен и заборавен на туѓа двоколка, едни можеби ги тргаа камењата од патот, други му помагаа на еден беден човек да се издолжи на јаже под ветка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По Крстовден, откако од обраните лозја се преселиле кршлаците, соопштувајќи дека водениците се арамиски засолништа, селото го поздравиле со оружје и со закани стемнети суварии.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Господи севишен, ти ли ни внуши да бидеме судии со твое име на уста од која се испарила ракијата што кришум еден од друг ја пиеме?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му реков оти Онисифор Мечкојад не ме молел да му ја донесам торбата што другите ја познаваа по црвените, црните и зелените риги и сокрив дека ме нарекол предавник со увереност дека не сум ништо друго туку мал поткожник на дружината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Тој тоа ти го кажал утрово за да си ја олесни душата или да те смекне и побарал да му донесеш леб. Добро, тоа го знам и без тебе.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Али-бег или некој друг ја продолжувал играта на злото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш се сврте да се враќа и ја виде Горда како и таа се враќа, сега само по костимот за капење, додека со едната рака му мавташе со соблечениот фустан, а со другата ја држеше торбата за пазар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Догоруваше боринката и над домаќинот и над другите ја снемуваше светлината.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Со што може да се купи сиот свет Во една рака Зоки стега две парички, а со другата ја држи Лидија.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Не морав веќе да се кријам, па се приближив и видов дека даската е светлокафеава, мазна и светкава, како премачкана со лак.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Едниот со шрафцигер ги затегнуваше синџирите на горниот дел од лулашката, а другиот ја зацврстуваше новата даска.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Поминав со одличен успех во четвртото одделение, со подарок книги, се сеќавам едната се викаше „Дукати“ а другата ја заборавив и одвај чекав да ги прочитам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имаше нешто неприродно - разлика во времето, грешка во сонот во жената двојство ти во едната рака држеше стрип или викенд роман, со другата ја тешеше, искуството не ти помагаше да го прикриеш „туѓиот говор“, книшкиот изговор мораш, значи пред тебе животот се отвора како покладен портокал дива циклама, праизведба мораш, значи немаш објективна причина туку мотив, емотивна мечта некоја друга Прокна или сестра ѝ Филомела 8 некоја друга Семирамида или прислужничката ах, мамката на анонимните жени отровот на тривијалните судбини барем да исчезневте сосема да не морам да го слушам, да не морам да го повторувам „гласот на ткајачката“ крикот на кросното, јавката на откинатиот јазик, нејзиниот, мојот нејзиниот мојот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)