друг (прид.) - вид (имн.)

Правото на жалба или друг вид на правна заштита против поединечни правни акти донесени, во постапка во прв степен, пред орган на државната управа или организација и друг орган што врши јавни овластувања – се утврдува со закон“ (курзив Д.А.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, со изговор дека наводно, заедно со останатите работници на смена, сакајќи да прибават противправна имотна корист од 5.250 МКД, при утовар на поголема количина сепариран влажен песок од декларираната, го оштетиле претпријатието2  – им е врачена одлука за престанок на работен однос поради кршење на дисциплината, донесена од страна на директорот, а без никаква внатрешна дисциплинска постапка и без никакво предупредување пред исклучување или, пак, било каков друг вид на опомена или санкција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Претходно, пак, постоеше стар ЗПП (1998), 14.  Амандман XXI (2005), т.1-2 на УРМ гласи: „Се гарантира правото на жалба против одлуки донесени во постапка во прв степен пред суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поради близината на неговата работна позиција до 37 раководството на компанијата, Н.Н. беше во можност да ги забележи сите дејанија и начини на работа на раководниот тим – што секако вклучуваше и многу ризици кои подоцна, во ноември 2001, се ефектуираа со незаконит отказ од работното место, со што и настанува спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Моето внимание, иако пак по повод тој бунар, беше сега свртено на друга страна и ми обезбедуваше, ако може така да се рече, еден друг вид неспокојство.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бањите лекуваат и криви и сакати, ревматичари и болни од други видови заболувања.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Само за 70 куруши уличниот продавач, со зарипнат глас, нуди нешто што личи на палачинка, само што е гарнирана на сосема чуден начин: посипана е со малку месо, потоа со магдонос, со репка и со други видови зеленчук...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со еден збор, Чамецот за спасување спаѓа во сосема друг вид филмови од оние на Хичкок: оној вид психолошки драми, кадешто групата луѓе се наоѓа на ограничен простор и егзистенцијално заострената ситуација ги присилува да ги „откријат картите”, да го докажат својот вистински карактер, да смогнат доволно сили за спасувачката одлука или да пропаднат.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Хичкок тоа го сметал за свој најуспешен настап во некој од своите филмови. превод: Ана Пејова извор: Hitchcock (зборник, Љубљана, 1984.) okno.mk | Margina #22 [1995] 157 158 Margina #22 [1995] | okno.mk Во следната Маргина Голем тематски блок за Александар Станковски Хитлерите, Тајните вечери, Ѓаволите и жените, Кокино, Маклабас, Лабрис okno.mk | Margina #22 [1995] 159
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Меѓу нечовечките животни, одредени домашни галеничиња (освен, можеби, тропските рипчиња во аквариум кои положуваат јајца и обично се бањаат во анонимни јата од приближно пет-шест, за разлика од повеќе индивидуа­лизираните животни што раѓаат живи младенчиња), но претставници на класа за сите други видови од кои човек ќе реши да се прости: по еден син рак или кралска пеперутка или црноглава сеница наместо сите, итн.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ние сме другиот вид.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Нашата врска со оној друг вид се гледа во тоа што ние ги пренесуваме нивните пораки. За тоа сме платени.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Инаку, тоа што важи за математичкото мислење, можеме да го тврдиме и за цела низа други видови мислење, на пример, за одлучувачкото.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Секое “деконструкциско” читање нуди друг вид на повеќекратно “означување”, но не знам околу која голема оска тие ознаки би требало да ги поставиме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Етнолошкото знаење пред сѐ навистина би требало да биде знаковит пказател на општата растресеност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Други видови на жапчиња, вклучувајќи ги и барските, лачат халуциногени сокови кои се лижат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во чл. 3 се наведуваат основите по кои се забранува директна и индиректна дискриминација (пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална и телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба или која било друга основа која е предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор), а во чл.4 е дефинирана примената во областите кои овој закон ги покрива.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Притоа ваквата оценка е основ за зголемување или намалување на платата, утврдување на парична или друг вид материјална или нематеријална награда, унапредување или распоредување на работно место на пониско ниво, или прекинување на работниот однос, на начин и во постапка утврдена со закон и со колективен договор.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Оваа меѓународна организација, основана на 9 ноември 1943 година, во договор со 44 држави во Белата Куќа во Вашингтон, имаше за цел да обезбеди економска и други видови помош за земјите оштетени во Втората светска војна.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Иако самата сексуална желба може да биде независна од родовата ориентација, а сигурно се разграничува од неа, сексуалната желба во еден хетеронормативен свет сигурно тесно ќе се поврзува со родовата ориентација бидејќи и двете се кодирани една во однос на другата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, за секој што живее во свет на хетеронорми, доживувањето сексуална желба за маж е заземање положба на субјект која се смета за соодветна за жените, во смисла на тоа дека со право им припаѓа на жените – а со тоа и положба на субјект која културно се идентификува и се интонира како женска.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Односно, искуството на чувствување сексуална желба кон припадници од еден конкретен пол им претставува, како на другите, така и на лицето (геј или стрејт) што ја доживува, однос на сличност, на наликување, на идентитет или на некој друг вид структурна сообразност со вообичаената родова улога на припадниците на другиот пол.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Работните задачи по предметот подразбираат изработка на куси есеи, проекти и задолжителни седмични тричасовни вечерни проекции (или друг вид културни работилници) во четвртоците.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да те привлекува еден пол е да чувствуваш како да му припаѓаш на другиот пол.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Начинот за побивање на обвинувањето дека литературната теорија, или деконструкцијата, е „несвесна за општествената и историската реалност“ е инсистирањето дека „востановувањето на објектите од страна на дискурсот“ постојано спласнува, и дека „почитта кон реалноста“ (општествената и историската, астрофизичката, или кој и да е друг вид на реалност) е само почит кон минатиот јазик, минатите начини на опишување на она што „навистина“ се случува.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тоа се идеални услови за создавање бигори, камења и друг вид варовни наслојки по ѕидовите на неговите органи, по дамарите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Другиот вид колебливи луѓе се со многу знаење; тие се двоумат при носење одлуки.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во моментот кога се потсмири, слушна друг вид крескање од клунот на јастребот: помирувачко, пријателско.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Раздвижен круг од вода, бран кој успешно ја криеше својата тајност, претворајќи се во тврда, или гасовита форма, преоѓајќи лесно и брзо од еден во друг вид, пред да може човечкото око да ја регистрира таа промена, која, пак, во зависност од притисокот и температурата на воздухот се трансформираше во дел од секундата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Генетската мудрост сугерира дека социјалните структури, долго градени, нема да бидат отфрлени заради неважни причини и минливи цели. Екстазата на мутацијата е балансирана со болката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Убедувањето дека мораме во одредени ситуации да постапиме на одреден начин и никако поинаку, содржи во себе и барање другиот во еднакви околности да постапи исто како и ние, како и морална осуда на сите оние кои не постапуваат така.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Моралните убедувања, односно убедувањата што ги вреднуваат постапките во однос на тоа што е, во нивните мотиви и последици, добро, а што лошо, се обично посилни од убедувањата од друг вид и во судирот со нив преовладуваат, а воедно се подложни и на воопшување. Што е опасно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Затоа ние, Божјите почитувачи, љубителите на мирот животот, забавата, мажи и жени, апелираме на Врховниот Суд на Универзумот, за уважување на нашите намери, за, во името на Власта на сите живи суштества кои сакаат да се развиваат на оваа планета, свечено да објави дека ние сме слободни и независни, ослободени од секаква Верност кон Владата на САД и кон сите влади контролирани од менопаузните, и дека имаме право да се групираме во групи на истомисленици, имаме полно право да живееме и да се движиме на земјата, да обезбедуваме храна со сопствени раце и умови на начин што ни се чини неприкосновен и свет за нас, и да ги правиме сите Акции и Работи што независен Слободен маж и Слободна жена можат да ги прават без да ги загрозуваат истите права на другите видови и групи. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 64
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сметаме дека следниве вистини се очигледни: -Дека сите видови се создадени различни но еднакви; -Дека сите се дарувани, секој посебно, со одредени неотуѓиви права; -Дека им припаѓа Слобода да живеат, Слобода да се Развиваат и Слобода да бараат Среќа на свој сопствен начин; -Дека за да ги заштитат овие од Господ дадени права, социјалните структури природно се појавуваат, засновајќи го својот авторитет врз принципите на љубов кон Бога и почит кон сите форми на живот; Кога која и да е догма на владеење ќе стане деструктивна по животот, слободата и хармонијата, органска должност на младите членови на тој вид е да мутираат, да исчезнат, да иницираат нова социјална структура, поставувајќи ги нејзините основи на такви принципи и организирајќи ја нејзината моќ така што ќе биде можно да се произведе сигурност, среќа и хармонија за сите живи суштества. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 61
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тимоти Лири РАЗГОВОР СО ВИЛИЈАМ ГИБСОН ТЛ: Кога би можел да го ставиш Неуроромансер во една реченица, како би го опишал? ВГ: Она што за мене е најважно е дека во него станува збор за сегашноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За поддршка на оваа Декларација на Еволуцијата, со силна верба во заштитата на Божјата Провиденција и спокојна доверба во генерациите што доаѓаат, во чиешто име зборуваме, ние сега меѓусебно си ги доверуваме едни на други нашите животи, нашите Радости, и нашата Света чест. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 65
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Императивот на општоста на моралните осуди може во еден свет на културни разлики брзо да се преобрази во империјализам, ако обврската што ја чувствуваме кон она што го нарекуваме “наш идентитет”, во однос на другиот ја разбираме како “понуда што е невозможно да се одбие” и му ја наметнуваме без за него прифатливи причини.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога на патот на органската еволуција стана очигледно дека мутацискиот процес неизбежно ги разградува физичките и невролошките врски што ги поврзуваат припадниците на една генерација со минатото и неизбежно ги насочуваат да преземат посебна и рамноправна позиција меѓу другите видови на Земјата, со која Законите на Природата и Природниот Бог ги дарува, сериозната загриженост за хармонијата на видовите бара да се утврдат причините за мутацијата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но ако при националното разбудување на Македонците имавме друг вид на политичката карта на Балканскиот Полуостров, тогаш Македонците ќе работеа сосема поинаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Давењето ја потсетуваше на други видови врзувања, што ѝ создаваше дуални накај пријатни чувства, а поентата беше дека смртта треба да биде недвосмислена, крајно непријатна и болна.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Можеме да зборуваме за комплексност на слики, скулптури, симфонии и за кој и да било друг вид на објект што е формиран со некакво конкретно спојување на симболи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Годината во која што е роден според учениот свет е периодот во кој што некогашната СФРЈ го достигнува врвот на економски стандард, општествен, културен и многу други видови на развој.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Државата едно­ставно би била задолжена за продажба на дрога - не за одгледување или производство - а таа дрога би можела да потекнува од домашни или странски извори.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дрогата не би се рекламирала (судовите решија дека владата мора да воведе построга контрола на „спонтаното“ рекламирање во однос на другите видови реклама).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ние, претворањето на енергијата од еден во друг вид го нарекуваме умирање.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кај жените се среќаваат и друг вид додатоци, како некој чуден накит, прстени или шминка и модерна фризура.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кога му го поставивме истото прашање од почетокот на статијава за потребата од нови фонови, тој одговори: „Денот кога веќе нема да ни се потребни нови фонтови, ќе биде истиот ден кога нема повеќе да ни требаат нови приказни и песни.” извор: Print превод: Сања Фрковиќ Маргина 36 183 184 okno.mk Постои чудна нерамномерност во проучувањето на пишуваниот јазик: некои негови видови, како што се историјата на алфабетското писмо, научниците со генерации грижливо ги испитуваат; некои други видови, како што се психолошките процеси врз коишто се засновани читањето, пичувањето и правописот (во смисла на графичко претставување на одредени гласови), станаа предмет на сериозно проучување дури во осумдесеттите години.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Исто така важна улога би одиграло и институционализирањето на еден друг вид финансиска поткрепа на уметничките облици кои по самата своја природа не можат да бидат комерцијализирани (инсталациите, перформансите, видео артот), а тоа е јавната нарачка (публиц цоммиссион).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Кривата на траењето на владеењето често излегува од орбитата на историјата, предизвикувајќи фатални последици...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во годините минати близу Јасер Арафат во Картагина, се соочував со еден друг вид на владеење, кое можеби беше единствено во светот од таков вид.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Б
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но постои ашик дервиш, вљубен во Бога, покрај другите видови дервиши.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имаше сеќавања и од друг вид.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За некого тоа може да биде закопување на живо, за друг смрт со запалување, или со давење, или со набивање на колец, или педесет други видови умирања.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги хранеше, им ги чистеше кафезите, поставуваше нови кафези што таа ги купуваше, и го збогатуваа и го размножуваа тоа птичје семејство со уште многу други видови на птици.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Таков е примерот со рибата лосос и со јагулата кои по мрестењето умираат; па и трутот кој со свадбениот лет умира, како и многу други видови скакулци и пајаци кои по оплодувањето угинуваат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
За разлика од нив, станарите што живеат у згради од по 200 или 300 стана имаат друг вид забава.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Темел на индустријата на иднината ќе биде друг вид претпријатија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Правото на жалба или друг вид на правна заштита против поединечни правни акти донесени, во постапка во прв степен, пред орган на државната управа или организација и друг орган што врши јавни овласту- вања – се утврдува со закон“ (Сл. весник на РМ, 107/05 – курзив Д. А.).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Реално ли е да се сонува дека Хунзите Можат да им позајмат на Македонците Барем по еден принц и принцеза За да може и во обесцарена Македонија Да заврзе благородничката лоза И на Македонците веќе да не им течат лиги Што секаде во соседството се вратиле кралчињата и царчињата А само тие останале со празни раце Тоест со претседатели премиери и државници од друг вид?
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Знаеше за многу утопии, од верски, од социјален, од политички и од секаков друг вид кои не успеаја во Западна Европа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Добро, и тоа е храброст, ама од еден друг вид, иако јас, со својата женска памет просудувам дека таа Пелагија, во колку воопшто веќе постоеше, не заслужуваше такво однесување и толкава верност од негова страна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
По што ценам?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но постоеја други видови на страдања коишто беа далеку од разумот и коишто ми влејаа ужас директно во коскената срж. 52 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во истиот хируршки оддел постоеше еден човек на четириесет години, кој боледуваше од она што тогаш се нарекуваше myositis ossificans progressiva (fibro dysplasia ossificans), состојба во која мускулите се преобразуваат во коска. Тоа е многу ретка болест.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Комбинацијата од шопинг и комодифицирана рекреација во суперпродавниците и тематските трговски центри создава различни облици на псевдо-јавни места.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Трговски центри го заменија градскиот плоштад, но постои значајна разлика во нивната функција: „За разлика од старите градски плоштади, кои беа и сѐ уште се места на дискусија на заедницата, на протести и политички собири, единствениот вид на говор што тука е добредојден е маркетиншкиот и другите видови на потрошувачки жаргон.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Она во што биле сигурни британските експерти, според развојот на настаните, било дека самото формирање на македонската држава во основа не го исклучувало прашањето за обединувањето на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Односно, дали Македонија ќе се задоволи со федералниот статус во рамките на југословенската федерација или ќе настојува преку федерацијата да го реализира обединувањето на Македонија во рамките на Југославија или во некој друг вид федерација, на пример балканска или во рамките на бугарско- југословенска федерација во која би влегол и делот на Македонија под Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во мојот бележник има и многу податоци кои се однесуваат на големите бројки други видови неповратна помош... Толку е дадено досега.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Под овие услови, придавањето филозофска важност на изборот на еден или на друг вид на логички врски се чини по малку смешно.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Да слушнеш само како звучи во филхармониски оркестар, или во опера, или во џез музика, а и во сите други видови многу е убава за слушање.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Треба почнеш да одиш на концерти на класична музика, да ти свикнува увото.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)