друг (прид.) - давачка (имн.)

Сторителот кој ќе ја плати глобата во рокот плаќа само половина од изречената глоба; •  со чл. 266-г се регулира постапката за посредување и постигнување согласност, со која сторителот на прекршокот се обврзува да ја плати глобата и другите давачки, но и да ги отстрани последиците од прекршокот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На тоа треба да се додадат бројните даноци и други давачки што постојано растеле, корупцијата, како и перманентното разбојништво, за да се заокружи претставата за општата положба во која се нашле Велес и Велешко при крајот на XIX век.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Бегот те дере со десеток и со други давачки, па полјакот, па заптии...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Беше време кога рисјаните ги беа веќе платиле арачот и сите други давачки, та малку се беа олабавиле и тоа Петре го сеќаваше по сѐ низ чаршијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ништо не ти останува да донесеш на пазар.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Одговорност на синдикатот, здруженијата на синдикатите и работодавачите Од гледна точка на асоцијациите на работниците и работодавачите и нивните здруженија на повисоко ниво дојде до две измени и тоа: ● целосно беше избришан чл. 266-г, кој даваше можност за посредување и постигнување согласност, со која сторителот на прекршокот се обврзува да ја плати глобата и другите давачки и да ги отстрани последиците од прекршокот (чл. 43 од ЗИДЗРО/септ.10); ● незначително беше намалена глобата за овие категории правни лица од дотогашните 1.200 ЕУР на износ од 1.000 до 1.200 ЕУР (чл. 17 од ЗИДЗРО/јан.12), со што ако се има во предвид намалувањето на казните за работодавачите (43%-54%), ваквите промени делуваат тривијално и несоодветно. 7.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)