друг (прид.) - занает (имн.)

Тоа, таквиот натпревар, траеше сè додека не стига султановиот заповед, без нивно одобрение на „нивниот“ дел од Имотот и воопшто во Потковицата да не смее ништо да се врши (ни столарски, ни ковачки, ни свеќарски, ни некој друг занает) освен дејностите врзани за поледелството и сточарството.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако Кратово се прчеше со бакар и со сребро, Скопјево, пред сите други занаети, си ги имаше кожите и кожарите - околу 700 на број.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Патописецот Евлија Челебија, при неговата посета на Скопје во 1660-1681 година, забележал дека градот имал над две илјади години, со плоштади и пазари, со сводови и куполи, во кои доминирала централната чаршија со сокаци чисти и калдрмисани, со опојни миризби на босилек, јоргован и крин во вазни саксии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кујунџиите, златарите и џаварџиите сочинувале еден еснаф, а пушкарите, сабјарите и кожарите друг. И така по ред и другите занаети.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)