друг (прид.) - извор (имн.)

Комерцијалните станици претежно заработуваат пари со емитување на пропагандни спотови; другите извори се: спонзорите и сопствената дејност (агенциски услуги, снимања, озвучувања на манифестации и сл.).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во САД постојат преку 8 000 радио станици. Во однос на начинот на којшто егзистираат се делат на две групи: комерцијални и некомерцијални станици.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За овие станици е карактеристично што во програмска смисла се потполно различни од комерцијалните станици.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Имаше чувство како О'Брајан да му е заштитник, дека болката е нешто што доаѓа однадвор, од некој друг извор и дека токму О'Брајан ќе го спаси од неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Други извори тука околу мене од кои би можел да дознаам повеќе отколку што знаев за човекот чие име беше испишано на металното парче, немав.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Странката е должна кон предлогот да поднесе уверение од надлежниот орган на државната управа за својата имотна состојба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во уверението за имотната состојба мора да се назначи износот на данокот што го плаќа домаќинството и одделни членови на домаќинството како и други извори на нивните приходи и воопшто имотната состојба на странката на која ѝ се издава уверението.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Интересни се исказите дадени во истрагата, секако под принуда, од кои се гледа обидот на некои од обвинетите, по можнот да си ја олеснат положбата, да откриваат некои работи што не можеле да се потврдат од други извори.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога ќе ни дојде времето за одење кај вас, ќе се искапеш и ти и ќе се сториш еден штрк, ќе си земеш едно шише вода од другиот извор и ќе си го обесиш на гуша и кога ќе си одиме дома, ќе се потуриш и еве си пак човек.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Дополнителните знаци во овие системи се создаваат или по пат на модификација на основните знаци или по пат на позајмување на одделни знаци од други извори, при што во некои случаи се користат и постарите системи на писмо на конкретниот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Овие знаци-еписемони се карактеристични за грчкиот систем на писмо и за алфабетите, настанати врз основа на грчкиот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ако ни се прескапи рибјите патеки, отворите на браните со прикладни лифтови за да се совладаат висинските разлики помеѓу реката и браните, прескапи во сегашните години на изградбата, бидете убедени дека кога ќе стасаат идните генерации научници, хидроинженери, биолози, кога ќе се откријат и други извори на електрична енергија, тие сигурно ќе настојуваат повторно да го откријат патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Дали црпел, меѓу другите извори, и од Арчимболди.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Доколку ја свртиме сликата надесно, кога ќе стане вертикална, во нас ќе гледа “параноичното лице” на Бретоновата Надја.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)