друг (прид.) - излез (имн.)

Немаш право никого да навредуваш кога и сам гледаш дека друг излез нема засега од ситуацијава, — почна да протестира Сарафов.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Камо ви го подготвениот народ да се бори?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но друг излез немаше и тој тргаа во зората со Тодора; вечерта благополучно стигна во Битола, врвејќи низ синџири аскер по Маково.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги зареди слободно сите села.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се случува тоа народот да нема друг излез освен самиот себе.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И се убедив дека друг излез нема: само истрајност.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Каков што беше тромав на изглед, сега одеднаш, кога немаше друг излез трчаше кршкајќи надолу како да е некоја дива коза.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се препуштав на кратката судбина на тие четири денови. Ќе се издржи! Немаше друг излез...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
За мене нема друг излез.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Признај го моето, зашто друг излез и решение нема“ - говореа нивните погледи. А тоа и двајцата не го признаваа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И, некаде длабоко од потсвеста, излегуваше прашањето - ако навистина ја сакаше толку многу, како што му се чинеше во почетокот, кога ја убеди да тргне со него, - дали немаше да најде некој друг излез?!
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ние мора да пишуваме, да толкуваме, да обединуваме, друг излез не постои, ми пишуваше Едгар Морен.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Можеби би било добро да ми го испратите крајот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Така, додека одѕивливата гимнастичка сала грмеше од свирка и повици, од врева и смеа, Грдан остануваше сам во тишината на заедничката соба, исправен пред навикот сè повеќе да останува сам и да биде сам, не гледајќи друг излез за себе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Друг излез немате!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Со оглед на нејзината граѓанска одгледаност, кога таа би станала свесна за нив, исконот сигурно би се повлекол и би побарал друг излез.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
На крајот – козите сигурно ќе летаат кон небото. Немаше друг излез!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Речи обично - по веќе определен ред, веќе видено, познато... редење на столчиња во холот, а тоа значи дека откако ќе заврши приредбата - враќање во училиште... мораше така, немаше друг излез... како наводенети врапчиња се прибравме во холот... а надвор врне, со студен ветер, небаре секој миг ќе заснежи...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во спротивно, требаше да најде друг излез од Балканот, следејќи го текот на една друга река.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се сеќаваш ли кога ме тераше да го продадам станот, небаре немало друг излез за мене?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мајка Ервехе немаше друг излез.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Немавме друг излез! – Секое време си има свои тежини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)