друг (прид.) - линија (имн.)

Ако се разбереше создавањето на некои од линиите на лавиринтот, на пример низ различните балкански јазици, или низ јаничарството и други линии, се претпоставуваше, ако не се најдеше конечен излез, можеби ќе се разбереше дека тој сепак постои...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така во просветителството прв пат со помош на методична обдукција добиваме достапност до информацијата, а таа постапка се продолжува и степенува сѐ до денес, кога обдукциската информација станува и естетска, кога внатрешноста на желудникот може да функционира како естетска слика затоа што рефлектира некоја друга физикалност, некоја друга реалност, други линии и црти, а исто така пружа и специфична естетска угода што најлесно можеме да ја наречеме угода на интеракција, односно задоволство поради тоа што сме присутни на далечина.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Да набљудувам од било кој перон како возовите влегуваат со по седум-осум вагони, па да си допуштам себеси да ги гледам додека минуваат сè побавно и побавно, и да потрчам до крајот па да се качам во некој вагон а без Мари-Клод, потоа да се симнам на следната станица и да го причекам наредниот воз, па пак до првата следна станица, па да најдам друга линија, и да видам како вагоните доаѓаат без Мари-Клод; да пропуштам еден или два воза, да го фатам оној третиот, да се возам со него до последната станица, да се вратам до некоја станица откаде што ќе можам да се префрлам на друга линија, па да решам да го земам четвртиот воз, па после да ја напуштам потрагата и да се качам на ручек а всушност веднаш да се вратам со цигарата на горчината и да поседам на клупа додека не наиде следниот, додека не наиде петтиот воз.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Маргарита не ме погледна повторно во прозорецот но тоа токму и го докажува контактот, неговиот таинствен пулс; Ана можеби е срамежлива или едноставно ѝ изгледа бесмислено да го прифати одблесокот на тоа лице кое пак ќе се насмее за Маргарита, а освен тоа важно е да се стигне до Сен-Силпис бидејќи ако до крајот има уште осум станици на линијата Порт д Орлеан, само три се спојуваат со други линии па само доколку Ана се симне на една од тие три станици мене ми останува можноста да се поклопиме; кога возот почна да забавува пред Сен-Силпис погледнав еднаш па уште еднаш во насоката на Маргарита барајќи ги очите кои Ана сè уште меко ги потпираше врз работите од вагонот како да се согласува со тоа Маргарита веќе и да не ме погледне, со тоа дека залудно е пак да се очекува таа повторно да го гледа одблесокот кој ја чека за да ѝ се насмевне.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И додека таа линија помеѓу Евреи и не-Евреи се повлекува теоретски и токму со несмалена жестокост, дури и таму кадешто државно-политичкото држење на овие првиве не дава причина за приговор, онаа другата линија, поважна во траењето и далеку попресудна, линијата помеѓу доброто и лошото, се занемарува.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сепак, во последниот момент, пред самото излегување, по силно двоумење во себе, му се доближив повторно, но сепак на крајот се предомислив, одложив за еден ден да се раздвижи една друга линија на проклетото полициско прогонување...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нема потреба да разговараме, ништо не би можело да се каже преку тој нечувствителен и недоверлив бедем од лица и чадори помеѓу Мари-Клод и мене; остануваат три станици што се вкрстуваат со други линии, Мари-Клод ќе мора да одбере една од нив, да излезе од перонот, да тргне по некој од ходниците или да ги побара скалите за излез, независно од мојот избор кој овојпат нема да го променам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)