друг (прид.) - лира (имн.)

Бабата Каља Тушева, редовна и најрана посетителка, веќе прави метании пред Богородица и ѝ се моли да ѝ го поживи сина ѝ и внучињата; дедот Бале — и тој му пали свеќа на Ристоса и го моли да му ги прости греовите што излага толку моми и невести за мажење и што зеде некоја и друга лиричка од такви како Илка Сукала, дедот Мисирлија — не може да најде невести за синови му и почна редовно да доаѓа в црква и да се моли на сите светци; на бабата Цвета Батанџиева невестата ѝ нема малечко еве седум осум години, та и таа клечи пред Богородица и ја моли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа сега дедот Стале многу се израдува кога му рече Петко оти сака да се запопи и му вети полна поткрепа со некоја и друга лира, бидејќи ќе прави добро на свој човек, кого сам тој го дотера до питачки стап, а од друга страна ќе се спаси од поп Спира да не му плаќа секоја служба бела меџудија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И затоа тој сега му вети на Петка некоја и друга лира, бидејќи знаеше дека овој сиромав момок не е момок од татко, што се вели зборот, ами тој го направи момок уште кога му ги зеде нивичките што му ги остави татко му Стале.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Наполни петнаесет шеснаесет години — ајде, турни ја на првиот што ќе ја посака, земи некоја и друга лира прид, позакрпи се со бабата и тие што останале назад; дури и последната не ја даде на Кулета Врчкиќа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
—Ако ти притребе, пак, некој и друга лира за арч, дојди, пак, јас 'ќе ти дада.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— А бре, Раиф Ефенди, јас ни су го бркал, ни ќе го бркам валиата, ни кадиата, току најду будала луѓе од нашите; даваат по некоа и друга лира за тие 'рѓосаните железа, та науми и така слегу овдеа, да се прицна до тебе, ако сакаш да ми помогнеш, не правиш лошо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А бре, немат чоек со кого ни лав да направит, а остави за некој шенлук и да не зборуваме — почна да го фали Адем чифлигот и сака да му го тапоса на чорбаџи Јована за некоја и друга лира поскапо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си свршија работа, накачија при бравите и легнаа да си преспијат, бидејќи цела ноќ стоеја на стаповите пред булук — зад булук, за да му направат на Велиага некоја и друга ока месо повеќе за да земе некоја и друга лира повеќе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Земи и ти некоа за заметот, та валиата и кадиата нека не се плашат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Некогаш на замин, по „добар лов" ѝ потфрлаше на мајка му по некоја и друга лира да ја ублажи сиромаштијата и да не го избришат од нивните тевтери, да има лице да се прицне некогаш кога ќе го подгонат полјаците, заптиите и фариите од Полчишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)