друг (прид.) - мајстор (имн.)

На Шабтај му ја препорачаа Рена, две години постара, допадлива девојка од семејството на еден скромен лимар чијашто работа во последно време, како што се намножија и други мајстори на истиот занает, не цутеше и премногу, но сепак му допушташе пристојно да го одгледува своето семејство.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Затоа кога Веле ги критикуваше мајсторите, говорејќи дека треба тие да ја внесуваат целата душа и да не жалат ништо, само да ја свршат што побрзо и што поубаво работата, велгоштанецот внимателно ќе го слушаше и потоа полека ќе му речеше: - Јас тебе ти признавам, Веле, иако си помлад по години, во занаетот си отишол понапред не само од мене, а и од миогу други мајстори како мене, што сме денес што се вели, со мајсторска тапија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Беше на едно високо скеле, сега веќе ѕидар, а некаде во него, вкоренувана низ сите оние изминати години, долги, од неговото детство, почна да ги подава своите отровни повитки, една ужасна бездна, да се отвора и да се длаби пред неговиот поглед и да не му дава мира да се размавне и да работи, како што знаеше тој, како што работеа сите други мајстори, и во сонот опоменувајќи со длабочината на провалијата под него, ниеднаш не позволувајќи му да подзаборави, да си ја сочува онаа свикнатост со не.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)