друг (прид.) - мерка (имн.)

За време на окупацијата, идеолози на колаборационистичкиот режим решиле, покрај другите мерки за обезбедување на чиста козја раса, да испратат во сите градови на Франација расни јарци за да ги облагородат месните кози и да ја поправат измешаната, загрозена чиста козја раса.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И сега, кога ништо не е скршено, ништо не е пресечено, човек може да преземе други мерки; кога не може да се надминат помислата и зборот, тогаш човекот се стреми кон слобода и разбирање; човек може да ја затвори вратата и пак да ја отвори.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Поводот бил следен: поради силното раздвижување на чети и комити и засилените подготовки за востание, што за турските власти не биле тајна, надлежните воени власти, покрај другите мерки, практикувале ноќно време да праќаат пешадиски и коњанички патроли околу градот па и подалеку.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Една, две опомени не помогнаа. Се пристапа и кон други мерки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)