друг (прид.) - нација (имн.)

Нацијата мора да биде една. И во некое посебно и нетривијално значење таа мора да се разликува од другите нации и луѓе.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ако се однесува на нациите, оваа разлика би значела дека нациите можат само да заплашуваат други нации и „една од желбите“ на моќната нација „е да тргува со слабостите на остатокот од светот“ - фраза која има чудни резонанци во денешните денови на таканаречениот - нов поредок на светот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Неговиот пријател продолжи да се поднасмевнува, но сега отвори и еден мал нотес и со левата рака (понекогаш му се чинеше дека кај ниедна друга нација нема толку левучари како кај Американците) почна нешто да запишува.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Освен тоа, и нивната професорка по историја честопати им зборуваше "само дел од таа, па и други нации, иако не мал дел, тргнале да вршат злосторства водени од идејата на нацизмот".
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Техничкиот напредок е една работа, а наравот на човечките суштества кои сметаат на прогресот е друга работа. Најнапред.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но тоа и не е толку за чудење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тие не владеат вистински со внатрешната ситуација во нивните земји, каде што проблемите се полесни за решавање, а како можат да ги решаваат проблемите на другите нации?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Како граѓанка на Европската заедница, признавам дека сум често збунета кога ги гледам нашите шефови на држави кога се состануваат за да најдат решение за проблемите на толку други нации.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Лично не можам за ништо да се пожалам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)