друг (прид.) - небо (имн.)

Нема ништо во оваа песна Освен твоите како збор убави посвети, нема ништо друго освен ден кој подранил навреме, освен небо кое ги има сите други неба во себе.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Во тие неизвесни времиња, кога сѐ можеше да се измени, да се измеша, како ова мигум наоблачено време на планината, кога лесно можеше да се фрли и да зарти семето на раздорот во заедничката душа на луѓето, да дојде директива од „другото небо”, па сѐ да измени, да зацрни, белата зрачна ведрина на Чанга им остануваше како последна надеж на луѓето...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)