друг (прид.) - невеста (имн.)

Се редат муабети за Доста, се срамнува со другите невести и моми, се пуштаа по некој и друг комплименти, некои пристојни, други пресолени, како од Мариовци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стани, сестро, момчето друга невеста ти донесло, стани да видиш.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ја имав и во Бари, во Бриндизи, во Венеција... – Малку не ти одеше народната носија со фризурата, ама за мене беше поинаква, полична од сите други невести на централната средба, во палатата на Квиринале.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)