друг (прид.) - обврска (имн.)

V Другарот Чапаев се врати замислен во својот кабинет. Секретарката го потсети на другите обврски.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Не благодарам, сега имам други обврски.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Неосновани причини за откажување на договорот за вработување се: 1) членство на работникот во синдикат или учество во синдикални активности во согласност со закон и колективен договор; 2) поднесување тужба или учество во постапка против работодавачот заради потврдување на кршење на договорните и други обврски од работниот однос пред арбитражни, судски и управни органи; 3) одобрено отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање и родителство или нега на член на семејството; 4) користење одобрено отсуство од работа и годишен одмор; 5) отслужување или дослужување на воен рок или воена вежба и 6) други случаи на мирување на договорот за вработување утврдени со овој закон (чл. 77, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По изминувањето на осум работни дена од објавувањето на огласната табла се смета дека врачувањето е извршено (чл. 75, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во тарапаната работеше многубројна раја што тој ја ослободи од секакви други обврски.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Мислите сега? - Не, мислев секогаш! Во обичните денови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-А што правеше пред малку? И воопшто, кога немаш други обврски што те привлекува?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со овој закон се уредуваат целите и условите за отворање на стечајната постапка, органите на стечајната постапка, управувањето и располагањето со имотот што влегува во стечајната маса, намирувањето на побарувањата на доверителите во стечајната постапка, правните последици од отворањето на стечајната постапка, планот за реорганизација, личното управување, ослободувањето од другите обврски, посебните видови стечајни постапки за поединци со статус на трговец, стечајни постапки со странски елемент и други прашања во врска со стечајот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
За придонесите и другите обврски, пак, предвидено е тие да се пресметуваат и наплатуваат согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, а социјалните придонеси да се пресметуваат и плаќаат согласно со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (чл. 82, ЗСЗ/09).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Што се однесува до одредбите кои се однесуваат на надоместокот на плата за скратено работно време поради нега на хендикепирано дете, ЗСЗ (1997) пропишуваше дека висината на овој надоместок треба да изнесува 30% од просечната плата, а придонесите и другите обврски да се пресметуваат и наплатуваат во висина од 50% од основицата предвидена со Законот за пензиското и инвалидското осигурување (чл. 33, ЗСЗ/97).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Притисната од други обврски, мојата сопруга не можеше да ме придружува на ова патување.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)