друг (прид.) - партизан (имн.)

Од сите страни почнаа да се прибираат и другите партизани.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Секавично отворија одоздола оган од пушките чичко Анѓеле, Федерико, Ламбе и другите партизани.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кога се приближија, Трајче виде двајца врзани Германци, а по нив одеше Саво и ги спроведуваше со двајцата други партизани облечени во германска униформа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
На полјанката имаше и други партизани.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
По него беа Горјан, Огнен, чичко Анѓеле, болничарката Стевка и сите редум други партизани.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Планински, Огнен, Евто, Трајче и другите партизани се вратија пак во пештерата, каде што беше штабот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)