друг (прид.) - пациент (имн.)

Лекарот, со брзи и тивки чекори, се упати кон друг пациент. Дојде брат ми.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сепак, терапевтот може да понуди идеи од неговото (или нејзиното) животно искуство или пак од други пациенти кои имаат слични проблеми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Наскоро најдов и едно тајно ќоше со малото ѕитче на кое можев да седам и да гледам поголемо ѕитче врз кое се потпишале другите пациенти што го откриле ова скришно место: Дуле, Мери, Марко.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На секој пациент му е потребно охрабрување да ја сочува својата сопствена индивидуалност и идентитет, да не се загуби во масата на другите пациенти.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сакам да му ги гледам забите, големи, бели, наместа разрипкани, како цврсти карпи во море.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Помислив дека се на посета на другиот пациент.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)