друг (прид.) - повик (имн.)

Меѓутоа, јас морав да продолжам: - И на знамињата на Октомврската револуција, на вашите партиски знамиња, во безброј пароли, плакати – лесно се препознаваат – библиски, евангелиски, курански и други повици од светите книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На некогашниот повик на Римската Империја - раздели па владеј - што подразбира: зголеми ги разликите па владеј, може да се надоврзат и други повици, како што се: скарај па владеј, промени вера па владеј...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)