друг (прид.) - поединец (имн.)

Како краен резултат произлегуваше грдото уверување дека се она што го сторив со своето заземање за скапоценостите на Цвета Басотова било всушност последица (или каприц, како што просудија други поединци) од мојата неразумна вљубеност во Басотова. (А се знаело какви недоразбирања создава неразумната љубов).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Гледаш, батка, се ќе се одвиваше поинаку ако не останале ептен празни и студени оние летни ноќи во плевната на Басотова“, ме исмеваше Боге од Бањи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За разлика од тој свет во високите сфери, овде, долу, во обичниот живот, Поетот мораше да се бори како и секој друг поединец со горчливите проблеми на денот, со секидневните стапици од кои не се амнестирани и занесениците впрочем како и секој простосмртник. (Тој има срочено повеќе сентенци во кои настојува да ни ги објасни темните страни од овие приземни случувања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)