друг (прид.) - прилика (имн.)

Се нагласувало дека „југословенска Македонија сега е слободна освен областа Куманово и секторите Скопје-Качаник и Скопје-Тетово-Кичево.“ 280 И на 14 ноември позадинската воена мисија на Фицрој Меклин ќе побара од мисијата Bethesda „револверите, компасите, двогледите, W/T опремата и џиповите да не повторувам да не им се остават на партизаните во време на евакуацијата или во која било друга прилика.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Барем триесетина луѓе што Винстон лично ги познаваше, не сметајќи ги неговите родители, беа исчезнале во една или во друга прилика.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, се надевам дека тоа задоволство ќе ми го пружите во друга прилика.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Туку, како не се сетив да ја замолам да седне на стариот клавир на Ханс, но во друга прилика сигурно ќе ја чуеш!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да ве прашам, дали погодив? - Да, погодивте, но дијамантската дијадема и крунисувањето веројатно ќе се случи во некоја друга прилика.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во друга прилика, на еден од своите соговорници тој му го образложи својот презир кон терпентинот со фактот дека сликарството што се засновува на „мрежницата”, секогаш, во крајна линија, е некој вид на ready- made, бидејќи сликаревиот творечки чин се сведува на одбирање помеѓу она што се наоѓа на тржиштето на индустриските бои, за потоа тоа да го распореди по своето платно на истиот начин на кој тој самиот заминувал во продавницата за да одбере ваков или онаков индустриски произведен предмет.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во една друга прилика покажав дека овие гробишта мажјачки се всушност свадбената ложница на Еросот/Ерген - грчкиот корен на зборот “cemetery” (koimeterion) го содржи амбивалентното значење и на гробишта и на свадбена ложница. калапи Во секојдневниот говор (а не само кај сексуално опседнатите личности какви што сме вие и јас), креветот предизвикува сексуални асоцијации.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
97 Деветте Деветте мажјачки калапи (кои ги персонифицираат Еросот/Ергенот) се наоѓаат, како што Duchamp тоа го нарече, на Гробиштата на Униформи и Ливреи (анг., Cemetery of Uniforms and Liveries).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дури и на таа височина, на место проверено од Летка во други прилики, беше исто толку непријатно, колку горешто толку и спарно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во друга прилика, Александар ќе беше среќен што јунската ноќ ја дели во такси со Бојана.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Невообичаено за јуни, почна повторно да врни и олукот на куќата почна да испушта звуци кои што на Александар во друга прилика би му биле пријатни.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Јас ќе имам и други прилики, а ти - отпиши! Никогаш!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во некоја друга прилика, Манифест, под пет.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Грета: Секако.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но за тоа во некоја друга прилика.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
“ Во друга прилика би го прашала сака ли да одат на биоскоп, но сега јавните простори и локали треба да се избегнуваат.  „...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но тоа, добри мои, веќе е друга приказна, за друга прилика.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Така зборуваше Игор Лозински, а тогаш во татковата свест проработуваше силниот систем на асоцијации: Зарем јагулите на долгиот пат, кога се оддалечуваа од Езерото во морињата, во длабините на океанот, нели го губеа надворешниот вид и гледаа и со внатрешниот вид кон целта, кон морето и родниот океан, а на враќање, кон Езерото на нивните предци. ,,Треба да си лишен од родната земја”, - му велеше во една друга прилика Игор Лозински на Татко, - ,,за да ја љубиш својата родна земја со неземска љубов.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)