друг (прид.) - птица (имн.)

И не, не ги мразат овдека поради тоа штрковите; тие се и сега свети, дури и најсвети од сите други птици.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Врапчето продолжи да пее, страсно и занесно, и сите други птици замолчаа, како оркестар што станува тивок за да може да се слушне пиколото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од пламенот што светкаше во колибата другите птици се вознемируваа, пркнуваа од островцето и долго време крештеа кружејќи над езерото.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
16. КОГА Е В ТУЃИНА И СОКОЛОТ ГО ВИКААТ ВРАНА - не оти на туѓинците со јазик неразбирлив им грачи, туку оти со крилјата поткастрени тој таму и станал но бела врана на другите птици јајца да им квачи...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Секогаш по таквите војни, малечок мој, од тоа место бегале другите птици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Лежи. Ќе запалам оган. И не срами се - сакаш ли малку ракија?“ Сакав вода и молчев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од нивните распердушени крилја и пукнати глави бегале и лисиците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дојде друга птица со глас на Спиро Првославец и кажа дека сега знае, пресметал, утре пред ноќ дружината ќе биде во Лесново.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И изумреа и други птици.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Секоја 40 okno.mk посебна птица мора да биде изложена на актуелната полна мелодија изведена од други птици што припаѓаат на истиот вид, за да ја развие сопствената.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)