друг (прид.) - тема (имн.)

Каљостро: Дај друга тема, Ајван, нешто поидилично, за чисти раце, рокенрол, или маусдонецот што си пее фолки, без да биде монета за поткусурување...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кракатау: Или вилушка за под јазик...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кракатау:А, зомби, фураш анархо-либерализам, те глеам, немаш почит за нашите ебани демократски избори, не ти чини работава...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се наметна друга тема, за еден интересна, за друг неважна.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но тоа беше друга тема...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Потоа фати друга тема: “Како брзо се менуваат работите…
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Решив на Мариела да ѝ дадам посебна задача, а тоа беше времето кога нејзината преокупација со Москополе избледна и таа започна да работи на својата докторска дисертација на сосема друга тема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во ателјето, на објекти, големите врати се затворени, а ние се наоѓаме долу, во рудникот за јаглен: не знаеме какво е времето надвор.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа нѐ доведува до една друга тема.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Марина се обиде да ме одвлече на други теми на разговор, но не одеше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Би му пречело да се префрли на некоја друга тема, како оваа со истоименикот, која може идеите што ги има неповратно да му ги закопа назад од таму од каде што му никнале.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Нему, очигледно, му беше смачено од расправии и не сакаше да отвора друга тема.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Стана и веднаш легна на троседот во дневната.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
ЉУБА: Аљоша, најди, те молам. некакава друга тема...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Горниот глас следи една варијација на кралската тема, додека подолу останатите два гласа образуваатканонска хармонија заснована врз една друга тема.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Покрај издавањето на книги, во читалната се организираа и разговори за книгите, и за разни други теми.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На повторното инсистирање на Донован дали Бугарија се смета „притисната поради концентрацијата на германските трупи во Романија“, бугарскиот министер таквата констатација ја негирал, потенцирајќи дека „концентрацијата на германските трупи во Романија, како и на други места во Европа, ја сметал за сосема нормална“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Избегнувајќи го директниот одговор, бугарскиот министер за надворешни работи започнал да ги изнесува проблемите со кои се соочувала Бугарија „за повторно добивање на својата независност“, со што го свртел разговорот на сосема друга тема.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Што беше темата?  Добро, заборави, друга тема: како се трпиш со овдешниве критичари?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Нема ништо смешно во малтретирањето деца, во алкохолизмот и во ниедна од другите теми што ги прикажува филмот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Елен Лејбовиц, достојна на своите принципи во преписката, кои сѐ повеќе ги прифаќав како незаобиколна реалност, се префрлаше на сосем друга тема, за да го остави одговорот во некое наредно писмо.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На Теми ѝ стана незгодно, погледна кон Влатко, а тој небаре ништо не слушнал побрза да ѝ го сврти вниманието на Мими кон друга тема: „Еве, да го посетиме детското одмаралиште „Шула Мина“ во Крушево.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тетка замолче. Сигурно сакаше разговорот да го префрли и на друга тема.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)