друг (прид.) - фирма (имн.)

Работат по повеќе часови отколку некои други, во други фирми, но и редовно земаат плата. Фала му на господа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Фабриката беше дадена на јавен тендер, на којшто – преку новоформирана фирма, основана на име на неговиот внук, се пријави еден познат македонски капиталист – олигарх од Скопје со политички амбиции, кој е меѓу најбогатите луѓе кај нас (Т.К.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Над фабриката беше отворена стечајна постапка и беше назначен стечаен управник од Скопје.4 Сите вработени отидоа „под Биро“ – т.е. секој, зависно од својот стаж, неколку месеци земаше паричен надоместок во случај на привремена не- вработеност, кој им следува како уставно и законско право.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа избира стратегија поаѓајќи од овие претпоставки и со тоа делува врз околината од која и други фирми изведуваат претпоставки.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Немав време да одам дома. Од 6 до 9 часот ставав цени и декларации на фустанчињата и, кога ќе се размрдаа женичките што работат во ТТК банка и во сите други фирми и фирмички, веќе од рано, уште пред паузата нивна, имав промет како што не правам сега за цела недела.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
По ова, оваа нова модерна фирма навистина вложи во набавка на најсовремени роботизирани машини – но, само за производство на декоративни плочки, и само во еден мал погон од огромната фабрика, додека остатокот или беше распродаден, или даден под закуп на други фирми.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А службениците работеа како во секоја друга фирма, без никакви емоции, што е нормално кога работиш секој ден иста работа, губиш емоции за сè.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)