друг (прид.) - форма (имн.)

Човечки фигури, геометриски знаци и други форми пронајдени се, врежани или насликани, над и под земјата на карпи („петроглифи“), градби, гробници, грнчарија и други објекти во разни делови од светот. Нивното значење главно е непознато. 190 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во Франција се забранети јавните куќи, но тие сепак постојат и за тоа се користат низа други форми и начини на работа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На водите на Рајна, каде што се појавуваше „Баер“, секој посетител остануваше фасциниран од новите димензии на мебелот, почнуваќи од фотелјите и другите елементи на спалните, дневните, кујните па до сите други форми.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
-„Зошто Јас, зошто боли толку многу, зошто секој збор ме повредува, зошто секоја насмевка ми е толку туѓа, зошто е толку тешко да заборавам?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Стопати ти напишав и толку пати се избришав, но тоа беше вентил за мојата душа, исполнета со таква тешка, смртна тага која трае и се прелева од една во друга форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Денес во разни компјутерски мрежи се вклучени неколку милиони корисници, меѓу нив и многу „свесни” мејл-уметници, иако и оние другите, „несвесните”, ја играат таа чудна комуникациска игра во светот во кој уметноста добива некои сосема други форми.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Како што вели Duchamp: „Секоја форма е проекција на некоја друга форма според точката на исчезнување и според некоја оддалеченост.”
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во тој исклучителен момент на повторно доаѓање, чувствуваше многу јака желба да биде поседуван од друго тело, поинаква материја во која мислите под некој друг агол би паѓале врз неговите раце, агол под кој мозокот би му работел позабрзано или воопшто не би постоел, постигнувајќи со тоа доближување до сегашноста или некое друго место во кое би можел сопствената рака да ја види од поодблиску и подалеку а да биде тоа истата таа, неизменета во својата припадност и внатрешна предодреденост за таква и ниедна друга форма, а тој сепак да не го мисли тоа и да не мора да биде во тоа така што постојано да мора да се навраќа кон истите нестварни помисли кои го одвраќаат од блискоста со она кое го има заборавено - но чувствува дека може да го сети, бидејќи го насетува, кога успешно би ја совладал пречката, би се надминал себеси или нешто слично, би прешол од другата страна (на истото). 48 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Постојат и други форми на поврзаност кои не се нужни поврзаности на некој систем.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Оттаму значајот кој Гете му го придава на преведувањето и на сите други форми на книжевното комуницирање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но, мораме да се подготвиме и за други форми на newspeak, дури и кога се појавуваат во наизглед невиниот облик на популарниот talk-showk. превод: П. Вулкански
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тие обележја не можат да се организираат во систем; многумина од нив меѓусебно си противречат и, покрај тоа, можат да се класифицираат и меѓу некои други форми на деспотизам или фанатизам.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Кападокискиот истражувач на болестите ги посочува меланхолијата и манијата како два пола на лудилото: “Меланхоликот се осамува, се плаши да не биде прогонет или затворен, се измачува со суеверни идеи, го мрази животот,” тој “го проколнува животот и ја посакува смртта”; оние, пак, кои не се обземени од меланхолија, туку од манија, се во неконтролирана фурија, возбуда или веселост, и во овие состојби може да се чувствуваат инспирирани за големи дела за кои немаат подлога да ги направат, или пак можат без некоја вистинска причина да убијат некого.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неколку века подоцна, Аретаеус од Кападокија, во делото „За причините и знаците на болестите“ вели: „Пациентот може да замислува дека има земено друга форма од својата, некој верува дека е врапче, петел, или земјена ваза; друг дека е Бог, оратор или актер кој го држи жезлото на светот; некои плачат како новороденчиња и бараат да бидат држени в раце, или веруваат дека се зрно синап и постојано треперат од страв дека ќе бидат изедени од кокошка.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Станува јасно дека другите форми на уметноста ќе станат стварни, т.е. ќе творат стварност кога ќе се ослободат од својата емпирија и ќе ја достигнат во науката веќе реализираната теориска егзактност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Повеќето уметници го менуваат само стилот, што всушност не ги одразува промените во нивниот живот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Слично на она што го направивме во филмот “Светот на Жилберт&Џорџ: Тоа беше само друга форма, мошне добра форма.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Повторно освојување на 127 Otis A. Pease, “Untitled”, review of Outdoor Advertising: History and Regulation, by John W. Houck, The Business History Review, Winter 1969, 584 128 Terry T. Johnson, “Metromedia, Inc. v. City of San Diego: Con- stitutionality of Billboard Regulation,” California Law Review 69 (1981): 1027-1028 129 John J. Costonis, “Law and Aesthetics: A Critique and a Reformu- lation of the Dilemmas,” Michigan Law Review 80 (1982): 420, f. 231. 105 симболичкиот јавен простор: уметнички интервенции Во форма на графити, политички пораки, билборди, протести и демонстрации, преку инсталации, видео, герилски театар, па сè до мурали, скулптури и многу други форми, субверзивните уметнички интервенции во јавниот простор се обидуваат да го трансформираат секојдневното урбано искуство преку пренапишување на телото на градот со пораки поинакви од оние кои произлегуваат од центрите на моќта, капиталот и привилегиите.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во одбрана на забраната на билбордите во Сан Диего, судот заклучи дека „загадувањето не е ограничено само на воздухот што го дишеме и водата што ја пиеме; тоа може подеднакво да го навредува и окото и увото“129. 5.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Меѓутоа, во нејзината дискусија за тоа каков вид на јавна сфера е потребна 108 Види Craig Calhoun, “ntroduction” in Habermas and the Public Sphere, ed. Craig Calhoun (Cambridge: MIT, 1996), 2. 109 Ibid., p. 23. 94 во едно вистински демократско општество, Шантал Муф го критикува привилегирањето на консензусот над конфронтацијата меѓу различните демократски политички идентитети.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Не само што секој консензус постои како „привремен резултат на провизорна хегемонија, како стабилизирање на моќта... и секогаш подразбира некаков облик на исклученост“ 110, но, исто така, проектот на пристигнувањето до консензус без исклученост имплицира „искоренување на политичкото“111 и „истиснување на политиката од страна на моралноста и законот“112: „Кога општеството не поседува динамичен демократски живот со вистинска конфронтација меѓу разновидните демократски политички идентитети, теренот е подготвен за други форми на идентификација да го заземат нивното место, идентификација од етничка, религиозна или националистичка природа, којашто води до појава на антагонизми кои не можат да бидат управувани од страна на демократскиот процес.“
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)