друг (прид.) - џеб (имн.)

На сите им светнаа лицата; сите истурија по еден кош благослови на Адемова адреса; тој пак почна да ги реди децата со шеќери, а за старите извади од другиот џеб на ќуркот едно оканиче ракија и и го подаде на Трајковица: — На, земи, свекрво, овој шишето и тури по еден ракија за аирлија!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа од другиот џеб извади едно друго шамивче, врзано во јазол, па рече: - Еве, да видиш, ова се чешниња од лук, ја секогаш ги носам со себе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ниту во едниот, ниту во другиот џеб немаше ништо.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Зар не го чувствуваш мирисот на липите?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Марка вивадуче. Црните кошули продаваат се што имаат. безгрешни души. Гондолиери, гитаристи. малку?“ И извади од другиот џеб уште едно шише.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Треба да оди тука близу, до еврејските канцеларии, каде што го очекуваа неговите уплашени соговорници што, Боже мој, беше поволен предуслов за успешни преговори.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го фаќа паника, брцнува во другиот џеб, вади нов флиспапир од него, панично го лепи врз претходниот лик и гледа: од огледалото го гледа насмеаната фаца на Левантинец.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во другиот џеб беше обетката со дијаманти.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Имаше на црниот чевел бел, а на другиот, белиот, црн топук.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)