друг (прид.) - близок (прид.)

Тој ден се месат погачите со кои ќе се канат нункото, попот, деверите, старосватот и другите блиски роднини, а уште подалечните — само со карта.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се рлашеше некое од неговите деца, тој самиот, други блиски, со откриените француски книги, да не настрадаат, наводно поради западна прораганда!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сите, наши и други блиски и во овие тешки времиња во усти ве имаат само по добрини...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не можеше подоцна да оди на закопот на својот татко, на својата мајка, на многу други блиски, блиски роднини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Стоевме покрај твојот сандак ние тројцата, па, по нас во продолжение стоеја другите блиски членови од нашето семејство.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Трет дел од семејството ги измами границите пред да постанат фатални и заминаа кон Цариград, кај други блиски, дамна заминати, четврти заминаа преку подалечни мориња и океани.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не ми веруваат и многу други блиски и далечни читатели.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На татко ти Бог да му ја варди душата во рајот, на негови синови и други блиски им беа уништени гробовите. Ама не запреа на тоа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)