друг (прид.) - етнички (прид.)

Отсега противниците зборуваат со ист јазик: и кај едните и кај другите етничкото поимање на нацијата ја победува теоријата за слободен избор.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа како што не престануваше да ја шири вистината за моите книги среде своите пријатели, да им пишува на издавачите, на уредниците на книжевните емисии за да го свртат вниманието кон моите книги, се обидуваше и во настаните кои ја загрозуваа иднината на Македонија да ја открие логиката на помирувањето, соживотот на македонското и албанското население, како и другите етнички заедници, гледајќи ги обединети во заедничката татковина Европа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пред малку, на една географска карта на Македонија се обидов да ја видам оддалеченоста меѓу Скопје и Тетово, како што се истакнува главното место на немирите. Педесет километри. Па тоа е малку!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Од една страна, феноменот на мешање и преплетување на различни култури изгледа како нешто потполно спротивставено на реакциите на другите култури што вклучуваат војна, разорување и обиди за потполно истребување на други етнички групи („народи”), како во случаите на бивша Југославија, Шри Ланка или Руанда.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)