друг (прид.) - научен (прид.)

Климент Камилски го следеше Андре Мазон на неговиот пат по учеството на балканскиот фронт на француската Источна армија, кога во 1918 и почетокот на 1919 година во Русија во времето на пролетерската револуција беше најден во мисија да го набљудува и проучува рускиот јазик во новите услови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со нему својствениот алтруизам и со својата добрина, Татко насочи, без знаење на Архивот, повеќе млади ориенталисти и други научни и универзитетски кадри кои, во сиџилите, откриваа автентична и емпириска материја за нивните докторски десертации и за други трудови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Полемиката сѐ повеќе се вжештуваше, на едната страна остана непомирливиот Спироберг, а на другата сите приврзаници, други научни авторитети, за прифаќање меѓународен вештачки јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски ги следеше и другите научни дела на Андре Мазон од областа на славистиката, како на пример, Морфологијата на аспектите на рускиот глагол (1908), Граматика на чешкиот јазик (1921), Граматика на рускиот јазик (1943) и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)