друг (прид.) - наш (прид.)

Како настанало ова село? Како и сите други наши села.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сполај ти Господи! нека чујат и другите наши братја бугари пак може да му се најде крајот да испаднеме на харен пат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Така, додека ги посматрав овие населби, неволно ми идеа мислите на убавата долина на Радика, па и Вардар, на нашите езера, на долините на другите наши реки, во кои можат да се изградат безброј вакви летувалишта, кои веројатно ќе бидат и подостапни за наши луѓе, и патем да се решаваат и други проблеми - да се вработуваат нови луѓе и да се активира една цела нова индустрија за приколки, која сега сѐ уште е во зародиш, барем кај нас.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но Илона беше различна од мене и од многу други наши клиентки. Илона беше ангел.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На овие расправи, обично биле присутни и други наши затвореници.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Скот Џејмс се закачува за еден дваесет и тригодишен магистранд на Стенфорд со магистратура по компјутерски науки, кој живеел во геј-студентска зграда на Стенфорд и кој веднаш откако магистрирал се преселил во маалото Кастро во Сан Франциско; колку повеќе друштвениот живот се врти околу суштествувањето како геј, тој толку повеќе инсистира на небитноста на суштествувањето како геј, исто како што тоа што се аутирал кога имал шеснаесет години било начисто „ненастан“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Разбирам дека на угнетените малцинства им треба заедница за да чувствуваат прифатеност додека да станат интегрирани во останатиот дел од општеството“, признава Дегрант.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Но, како што стануваме сѐ поприфатени, како што еволуираме од психијатриски случај до обично друго лице, дали и натаму ни е потребно да бидеме раздружени од главнотековното општество и од своите стрејт-соодветници?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Уште ли ќе ни требаат собиралишта кога и другите наши соодветници ќе нѐ прифаќаат во негеј-баровите, во негеј-општествените центри и во негеј-храмовите?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Другата наша, Македонка од Рупишта. Се викаше Евдоксија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ама како што нам ни било во лулката на демократијата, не верувам дека им било на другите наши во тамошните татковини.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)