друг (прид.) - нивен (прид.)

Седната зад баба ми и дедо ми, за разлика од изразите на другите нивни фотографии, самите веќе завлезени во возраст што ја брише ведрината од насмевката, таа девојка со мазно, тркалезно лице од фотографијата, во нас гледа преку полуспуштените очни капаци со еден чуден, повлечен и скромен, а наедно бистар и настојчив поглед.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се прегрнуваа тогаш и се пуфтаа по рамената, како две разбеснети живинки, врескајќи притоа насилно од сите други нивни врескања на фудбалските натпревари.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некои од другариве сакаат да останат како Даме што направи — и покажа на Перета и други нивни едномисленици, кои веќе беа определени во својот став по ова прашање, та дури веќе и на една страна стоеја.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со средната сестра, зетот и некои други нивни пријатели, се најдов таму, некаде околу полноќ.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
— Па, што можиме и да им помогнеме, бре Ѓорче?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во она време кога во манастирот живееле неколкумина грчки калуѓери, кои веројатно го донесле грчкиот поп, тие клепалото го удирале за утрена, за вечерна и за други нивни потреби.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)