друг (прид.) - помал (прид.)

Откако го направува тоа, левата рака со тутурката ја положува на земја, а со десната полека, претпазливо, почнува да ја одвиткува тутурката и кога сосема ја одвиткува, на неа останува една друга помала тутурка и исто заврзна со црвена панделка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беше чиста и сува, со мазен цементен под, освен нечистите делови каде што беа сместени две бочви за вино од по педесет галони и седум други помали бочви што беа наредени покрај ѕидот како батерии.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Оваа сала крие во себе уште десетина други помали полилеи, а сите заедно содржат вкупно 4.500 свеќи и тогаш секако мирисало само на парафин, доколку тој не се неутрализирал со миристо на розовото масло.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пред нив клечат нивните две дечиња, едното поголемо, другото помало, со капчиња од весници на главата како Богдана.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
За тоа време додека Борко го следеше новото облаче, другите помали облачиња сосема исчезнале!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Можеби најзначајната причина постарите браќа да се определат да учат во средни стручни училишта беше можноста тие што побргу да завршат и да најдат работа, за да им овозможат и на другите помали браќа и на сестра­та да се школуваат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)