друг (прид.) - посебен (прид.)

- Ако сакаш мојата желба да ја поврзиш со нешто многу конкретно или повидливо - појасни таа - тогаш еве, јас ти понудам и други нешта за кои би можела да ти зборувам со денови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Покрај тоа, во постапката за обезбедување работник преку Заводот за вработување, предвидено е Заводот, наместо да се раководи од критериумите за приоритет при вработувањето, да упати кај работодавец до пет кандидати избрани врз основа на критериумите: образование, квалификација, работно искуство, други посебни знаења (познавање на странски јазик), спремност за прифаќање на вработување со обука, преквалификација или доквалификација, услови за работа, место на работа, траење на работниот однос и посебна опрема со кое невработеното лице работело и ќе работи (чл. 34-37, ЗВОСН).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Започнав да го прелистувам големото списание со прекрасни слики на центрите, или другите посебни места на градовите како Париз со Монмартр, потоа Рим, Лондон, Мадрид, Варшава, Берлин, Виена, Пекинг... и така по ред.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но, сепак, штрајкот во вооружените сили, полицијата, органите на државната управа и јавните служби т. е. јавните претпријатија и јавните установи – повторно остана да се уредува со друг посебен закон (чл. 245, ЗРО/05)!? 37.  Според чл. 38 од УРМ (1991): „Се гарантира правото на штрајк. Со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на штрајк во вооружените сили, полицијата и органите на управата“ (курзив Д.А.).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Всушност и не и бев рекол нешто посебно, туку само ја бев прашал: - Покрај добриот видик од тумбата дали постои и некоја друга посебна причина што може да го оправда твојот избор?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)