друг (прид.) - зашто (сврз.)

Фелдфебелот беше конечно збунет, а беа збунети и другите зашто имаше повеќемина што беа настрвени на Србина кога го видоа другарот мртов.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Вие продолжувате на чудесен начин да ги обединувате сите атоми на мојата сага по целината по која трагам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Море и преку сто, додаваа други зашто навидум баба Севда беше здрава како дрен.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Само кадри како А.А., велеше уште Х.Х., брзо сти­гну­ваат до комунизмот, поведувајќи ги и другите зашто тој нишани во вистинската цел – Бог во луѓето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ќе се бранам, упорно ќе се бранам, односно упорно ќе тврдам дека пишував и на јазикот на другите зашто докрај му останав верен на почнувањето, на изворот на животот, според кодот на мајчиниот аманет, да трагам по нејзината порака само во јазикот на животот...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јас во тоа време многу ја мразев баба ми и сите други зашто не сакаа да ми помогнат да ја откопаме мајка ми. Чувствував така.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)