друг (прид.) - или (сврз.)

Ако еден народ само постепено си го изработува своето писмо и него го преработува и притоа во неговата историја нема такви настани што ја преполовуваат и прават цела пропаст помеѓу едната, т.е. старата, и другата или новата половина, -писмениот јазик и правописот содржат во себе многу такви особини што немаат реална вредност во гласовите во сегашната состојба на јазикот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Овие најмногубројните, кои не беа ни со едните, ни со другите или поточно: кои беа користени и газени и од едните и од другите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не смееме да дозволоме да ги гледаме работите погрдно само зошто едно нешто е поразлично од другите или да претставува тешкотија да го прифатиме такво какво што е.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но ако има лоша душа, злобни намери, тогаш можеме и да го мразиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Градот, меѓутоа ја прави средбата неизбежна, што носи одредена непријатност. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 161 Притисокот на неизбежноста го загрозува човекот што е несигурен во себе, којшто, за да се прикрие подобро, станува агресивен или недруштвен, ги напаѓа другите или себеси.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Лош знак носеше и ветрот што зафати неколку дена бесно да дува; идеше од планината, од границата, урликаше како настрвена дивина, го обградуваше селото од сите страни и се нафрлаше ѕверски: ги виткаше дрвјата, ги кршеше гранките, корнеше, кубеше од сламените покриви на плевните, растуриваше стогови со сено и листовници, влечкаше и снопови од нивјето, тресеше на куќите и прозорците, удираше силно, креваше бранови од езерото и со урликање ги удираше еден од друг или ги фрлаше на брегот раздробувајќи ги од камењата или од куќите крај брегот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
По повод доделувањето на титулата, во својата воведна реч академик Гане Тодоровски истакнува: Треба да се гордееме со овие и вакви писатели, коишто се колку наши толку и на други или колку на други толку и наши зашто такви пред Стојан Христов беа и Григор Прличев (грчки и македонски автор) и Коста Рацин (српски и македонски автор) и Никола Вапцаров (бугарски и македонски автор), како и уште многумина други во минатото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ако животот е казан во кој си додаваш и готвиш посно, масно, мешаш, посолуваш, ги криеш тајните финти од сите други или им ги шепнуваш само на најдобрите пријателчиња, колку да се знае што готвач на животот си.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ако животот е казан Ако животот е казан во кој си додаваш и готвиш посно, масно, мешаш, посолуваш, ги криеш тајните финти од сите други или им ги шепнуваш само на најдобрите пријателчиња, колку да се знае што готвач на животот си.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Најмногу од сѐ, не треба да бидеме толку сигурни, пред да почнеме, дека веќе знаеме што е тоа геј-женственост, како функционира и што значи. 16 РОДОТ И ЖАНРОТ ‌Две основни премиси ќе го насочуваат претстојното испитување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Второ, родовата ориентација и сексуалната ориентација не треба коренито да се издвојат една од друга или систематски да се разграничуваат во ниеден приказ на машката хомосексуалност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Прво, појавите што се разгледуваат треба да се анализираат во однос на општествените фактори, а не на биолошките.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Обете премиси одразуваат мои лични и интелектуални склоности, а не научни аксиоми, но дозволете да се обидам да ги оправдам – или, барем, да објаснам зошто претпочитам вака да размислувам за машките геј-културни практики – бидејќи мојот пристап, всушност, има широки методолошки импликации.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Правдата со скршени нозе ги убиваа и ги товареа на други или ги дереа, ги распарчуваа и ги носеа горе. За месо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Познавав луѓе кои зад својот лик сокриваа кловнови и познавав кловнови кои зад својата маска сокриваа луѓе говореше Август Рицман и јас мислев дека е така и не знаев дали ги познавам и едните и другите или некои поинакви.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Да погледнеме околу себе. Кои луѓе повеќе ги сакаме: оние што викаат, што не одбираат зборови, што не водат сметка за чувствата на другите или оние што малку, но тихо и убаво зборуваат?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Возможно ли е воопшто денес да се разбере културата поинаку отколку како крстосница на разлики, размени и препластување на разнородното? okno.mk | Margina #32-33 [1996] 84
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Отворената, повеќекултурна општествена средина, во којашто под паролата на „слободниот проток на луѓе, стока и услуги“ побргу или побавно се преобразуваат сите села на овој свет, детериторијализирано мешање на традиции, коишто е тешко да се стиснат на едната или другата страна на границата меѓу јавното и приватното, само до пароксизам ги степенува тешкотиите со идентитетот, разбран како во себе стуткана самобитност, на која што не ѝ е потребен друг за да постои и самата себе добро да се разбере.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Или дијалогот ќе го поставиме врз претпоставката на културната релативност на разбирањето на доброто и за цел ќе си го поставиме или запознавањето на причините на другиот или прагматичниот договор за заедничко делување, што ја негира секоја априорна предност на едната (читај “нашата”) страна?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)