еврејски (прид.) - куќа (имн.)

И пак: Во Жешов раскошно расцутеа дрвјата, а ветрецот расејува снег од латици низ просторот, поигрувајќи си со нив, а потоа оставајќи ги да паѓаат по крововите, по жирадоата, елегантните женски шапки на минувачите, по јармулките и црните рабински капи со широка периферија, на рамениците од старците што на пријатната пролетна сончевина забораваат на својата возраст и живо дискутираат на својата пролетна променада, во очите на госпоѓиците, и во нејзината душа која е смирена и иполнета кога е во тој питом предел за кој не може да престане да го мечтае и сонува... 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во мај, разредениот воздух над гетото Барон Хирш само двапати го пара писокот и го исполнува пареата од локомотивите на двете композиции со нов човечки товар во истите добиточни вагови: на 3-от и 9-от ден на месецот во кој едвај кој можеше да забележи како богато цутеа дрвјата во дворовите од напушените еврејски куќи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како резултат на таа акција 7.215 Евреи биле одведени во концентрациониот логор Треблинка каде биле ликвидирани.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ноќта на 11 и 12 март 1943 градовите Битола, Штип, Скопје беа блокирани, а еврејските куќи биле блокирани од бугарската војска и полиција.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)