еврејски (прид.) - поговорка (имн.)

Една многу интересна еврејска поговорка вели: „Ако спасиш еден човек, си го спасил светот.“ - тоа е обратна верзија на идејата за месијата: еден човек може да го спаси светот, но да се спаси човек значи да се спаси светот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Нашите стари често ја цитираат мудрата еврејска поговорка што вели: да не ти даде Господ да имаш, па да немаш!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И кучето, во туѓина, не лае првите седум години, вели една еврејска поговорка.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)