еден (прид.) - што (зам.)

Пак и да има место, нема да му го дадат на еден што свршил во Србија, туку на еден свој кандидат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Едните што беа на страната на Николчета им се лутеа на другите што ѝ помогнаа на Трајанка, зошто ги разделила.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Имаше еден што возеше на релацијата Алма Ата — Фрунзе, а никако да го фатам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Контрола на билети“, ми вели еден што повеќе прилега да биде истерувач во диско, а јас глупава и по малку глува, блеам во него како недоветна, да не речам мутава, а тој ми ја граба картата од рака, во која сум го стиснала несвесно... и ми ја враќа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)