еден (прид.) - вол (имн.)

До половина, од кај шилестото, зеленкаста а од половината натаму црвеникава, небаре `рѓосана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе ги кротне Мартин воловите и, онака сам, ќе се заигра, а децата ќе го здогледаат и скришум ќе му го отераат едниот вол во орманот, и после кутриот Мартин по цели денови плачејќи го бараше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Утрото, беше недела, жителите на Потковицата отрчаа таму, каде што претпоставуваа дека нештото се откина од аеропланот и на Црн Камен најдоа голема бомба, колку еден вол.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Си беше еден човек и си садеше грав, пиперки и босилек, сееше ’рж и јачмен, ораше, влачеше, едниот вол му бегаше од браздата, и волот го тепаше по муцка, му пушташе крв од муцката на волот, и после муцката му ја држеше в раце и го милуваше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)