еден (прид.) - врата (имн.)

Кога ќе се искачиш по тие скали има мала врата која води до моето купатило и уште една врата за мојата соба.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Од една врата влеговме низ друга и веќе бевме во широка одаја, не премногу осветлена, но сепак достатно за да видам необично суштетсво, прилично слично на полип: огромна многуока глава, од која се протегаа долги пипала.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Видов: Светлоста доаѓаше од многуте очи на Мортенија. Малите рефлектори личеа на волшебни кугли. Не трепкаа, си ја менеа само бојата.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Било, поминало, велам, живот брз: на една врата влези, на друга излези.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Фоајето беше исполнето со викотници, кои доаѓаа низ една врата во дното, која беше ширум отворена и на која беше испишано, дека тука можат да влезат само луѓе на берзата - берзијанерите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Две огромни жени, со раце црвени како тула и прекрстени преку утарето, разговараа пред една врата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие не ја дебнеле својата жртва за да ја нападнат, не влегувале од едната врата на вагонот за да ја остават негде пеколната машина и од другата врата да исчезнат без трага.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Влегувавме, Татко напред, а ние веднаш зад него, од едната врата на вагонот, па излегувавме од другата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)