еден (прид.) - лист (имн.)

Во ќошот се собрал мажот од кумата: се тресе, едниот лист од гората станал.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Речиси сите списи од креденците и полиците се валкаа по паркетот а одвреме-навреме, на вратата од кабинетот на директорот или дури таму негде кај прозорецот низ кој пред малку беше влезен Величковски ќе се појавеше некое од божемните привиденија и со отсечен глас ќе објавеше дека во Секретаријатот сѐ е чисто, или, дека во Архивата ниту еден лист не е веќе на своето место.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
О'Брајан држеше еден лист хартија во рацете и внимателно го проучуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На белините на еден лист што ми го дофрлува споменот од некоја непостоечка витрина откривам многу многу надраски.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)