еден (прид.) - поглед (имн.)

И ќе зажалиш таму за оваа наша планинска миризба, - рече Кирил, па ја опфати со еден поглед долината и ги рашири ноздрите, напнувајќи ги градите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но еден поглед, и еден збор и насмев. Ми го откраднаа срцето за навек!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Проловите се бесмртни, доволно е човек да фрли само еден поглед врз онаа херојска фигура долу и да не се сомнева во тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден поглед неприметен од студениот плочник моли за воскресение.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Се разбуди со чувство дека спиел долго, но еден поглед врз старомодниот часовник му кажа дека е само дваесет и триесет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
В тишината балансира зелен водоскок тажно извишен и кроток стои тој Децата ги ронат гнездата на звуците па е така безнадежно сам Ослони се одмори се невина на рамената на ветерот не ведни се крени се за еден поглед мал над оваа премногу нерамна висока разбранета ливада на куќите Тогај накваси го грлото на нивните црвени треви тие ја помнат земјата што те роди
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Оваа есенска магла е лицето на смртта густо од едно имитирано лепило густо од еден одвратен шепот што сака да е интимност густо од еден поглед преполн со излигавен мов Таа маска на смртта ги заканува гранките осамотени на кејот.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)