еден (прид.) - свет (имн.)

Се наведна над лицето, замрзнато од леден, црн удар, и не најде ништо што мислеше дека ќе најде - еден свет на тој човек, едно движење во просторот на продуваното време, сѐ она за што му говорел тој во темните крчми: детска играчка на изгубеното чедо, тажен кловн со плачни очи во тоа барутно време, некакви Марии со црвени искри во коските.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сѐ бледнееше и тонеше во еден свет на сенки во кој, на крајот, луѓето не беа сигурни ни во датумот од годината.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И се внесува во страниците на еден свет чуден, незаборавен, сосема инаков од овој.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но беше потребна очајничка храброст за да се самоубиеш во еден свет во кој огненото оружје, или каков било брз и сигурен отров, не можеа никако да се набават.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)