еден (прид.) - час (имн.)

Многупати учителот на часовите по сметање нѐ тераше да пресметуваме колку пати ѕвончето во годината ни штракнува од еден час до друг, или од еден одмор до друг.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Зарем не би требало во дваесет и еден часот во август месец да почнува да се стемнува?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во еден час сета вода и сиот брег почнаа да пламтат, зелено, сино - со глас на човек почна да нѐ довикуваат, да нѐ мамат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се потпре на својот неотсапен крлук и почна: - Заклучно со сознанијата што ги имаме добиено до пред еден час, другари команданти, положбата на фронтовите е следна.... - тој направи подолга пауза, редум погледна на присутните. - 107-та бригада држи позиции на секторот Краставец - Чрно; 14- та бригада го држи секторот Пиргос Котили - Горуша - Синорите; 16-та бригада - Горна Арена - Црн Камен и 103-та бригада Ќафа - Скирца - Грамос.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)