еден (прид.) - по (предл.)

Затоа таквата логика и го бараше објаснението на процесот или на движењето на природата, општеството и на самото човечко познание во една причина однадвор, го гледаше само механичкото дејство на стварите, идеите, тенденциите на општеството, природата, науката, уметноста, политиката итн. и тоа една врз друга, една по друга, но не и една од друга, не нивната раздвоеност и целокупност, туку само раздвоеноста, само идентичноста.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
И така случајностите се ределе едни по други, а луѓето благодарение на нив, се движеле кон врвовите на социјалното живеење, но и се спуштале на дното.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Разговорот финишира впечатливо. Еден по еден од присутните на масата почнаа да декламираат научени песни во младоста.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ќе го искршиме првиот ќунк на парчиња и ќе ги раз'рваме другите по него и така ќе се промолкниме еден по друг. А ми рекоа дека надвор од двориштево ѓеризот е ѕидан со плочи, четвртаст и толку широк што не ќе има потреба да го прошируваме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете го мојов план накусо: ние треба да почнеме со копањето уште веднаш, та до пролет да ја свршиме оваа работа, ако сте согласни, — заврши иницијаторот на бегството Никола Каранџулов и застана да ги слушне своите другари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еден по еден ги редеше сите од тајфата Аргир во паметта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Напротив, кога престана самиот да свири и наместо тоа почна да пушта музика, често му се случуваше да стои зад диџејскиот пулт и речиси несвесно да менува една по друга песна (исто како што сега ги менуваше во главата), додека околу него, пред него, зад него стотици тела танцуваа, рефлекторите кружеа по кренатите раце, тие пееја наглас, врескаа со ентузијазам на оние песни што им се допаѓаа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ги начулив ушите: - ...музичарите најдолго живеат... шупелката и свири си, свири, мозок не троши... а на оној млад човек косата му побеле... триста и шеесет книги, една по една, а сите различни...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Автобусот (без крилја) сè уште не беше подготвен да нè однесе до нашиот терминал.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во таа уметност, на стари ноти, во познати тоналитети, наместо за прекуморско писмо од љубената, се пее за мобилен телефон; наместо за параходот што заминува, се пее за семафорот што го разделил љубовниот пар, оти таа минала на зелено, а тој морал да сопре на црвено; се пишуваат дебилни романи во кои една иста жена, Македонка, трипати ја силуваат, за петнаесет минути, еден по друг, српски, грчки и бугарски капетан, па со тоа се изразува трагизмот на македонската жена и на македонската нација поделена меѓу три аждери што сакаат да ја лапнат (притоа, овој раскошен дебил од писател не ни помислил дека на жената можеби ѝ е убаво со тројца, особено што сите тројца едвај издржале петнаесет минути, што за здрав маж е одвај десетина од сексуалната игра (овде намерно го натценував траењето на сексуалната игра, за да ја пленам Луција; очигледно, уште ми значеше, и покрај сѐ што ми стори).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Под црногорицата луѓето се раѓаат тврдоглави и умираат такви, И не им останува друго туку или да научат да живеат заедно, во пријателство, или пред време, пред тоа да го стори природата според свои тајни закони, да отидат по ѓаволите, не еден по еден според предвиден ред туку сите наеднаш, Со еден крик од кој ќе се уриваат карпи, ќе пукаат глечери и ќе се отвораат зараснати вулкански рани.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И дадов една по муцка и ја легнав.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Една солза, па уште една по неа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Штак, штак, ми прави еден по образ, штак — друг.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа, тваровит и разжален, ја подаде раката со долга пушка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Го познаваше ли некој од вас Сафет-бег?“ Станувавме еден по друг и молчевме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За тоа време мајка ми испуши три цигари една по друга, а Бреза ја отвори машината за шиење на баба ми и, среќна што никој не ја забележува, ги одмотуваше разнобојните макари и ги влечеше низ собата како да ѝ се врзани кученцата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Виде како сите новодојдени еден по еден се протуркуваа до Деспина и сите ѝ честитаа со целувки, ама никако да погоди кое е момчето што го армасуваа за неа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Гркинките се приближија до Македонката, нешто ѝ проговорија и оваа бргу бргу ги завлече децата и едно по едно со изговорување на името им ги предаде на Гркинките, а овие откако ги поздравуваа со стисоци на рацете, ги сместија во нивниот џип, кренаа раце во знак на поздрав до толпата, џипот испушти еден силен прдеж и замина по истиот пат по кој и дојде.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ми се залепи за свежите плускавци и полека се движеше, а на страницата под него, една по една, почнаа да се оцртуваат големи, убави и чисти букви.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Затоа се обидував да бидам колку што е можно повеќе тивок, а кога ќе почувствував дека нема да можам да се исконтролирам ја пуштав водата од тушот да тече во кадата и така да го подзатскрива мојот звук.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас сум крива. Не требаше ни да гледам на часовникот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Видов дека и другите се по влечки, па чекав проблемот сам да се разреши додека сите тргнавме еден по друг кон вратата од која дента мистериозно исчезнуваа и се појавуваа моите братучеди носејќи тенџериња и садови.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Тогаш за мене ФИЈАТКАТА“ реков, „само тоа останало“.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Гледате - шрафцигер. Ама да не мислите ќе отшрафувам. Шрафцигерот го потпикнувам под амблемот, натиснувам и - го откорнувам. Ќе оперираме еден по еден.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Имам само еден алат“ од џебот Љупчо извлече шрафцигер со зелена рачка.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Времето врвело... Куќите една по друга се множеле, множеле и селцето од година во година и се ширело и растело...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Авионите еден по друг се спуштаа над колоната и ја опсипуваа со митралески рафали...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А потоа, кога Белогардејците и коњите се натовариле на бродот, еден по еден, почнале и тие од отстапницата да се повлекуваат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се појави ненадејно и молневито пред француската читателска публика: три од неговите романи излегоа, еден по друг, во издание на угледната издавачка куќа „Фајар” - Времето на козите, Татковите книги и Атеистички музеј.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)