еден (прид.) - ваков (прид.)

Соц-артот, по анало­гија со американ­ски­от pop-art, ги употре­буваше приказите на масовната култура, но целосно натопени во комунистичката идеологија. превод: Деспина Ангеловска извор: Art Press, септември 94. 88 Margina #11-12 [1994] | okno.mk Harald Szeemann Критичар на уметноста, куратор на “JOSEPH BEUYS” во Kunsthaus Zürich. Sergio Risaliti: Го познавате Јозеф Бојс од многу одамна.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Рускиот уметнички живот е жесток и вознемирен, но сиромашен од материјална гледна точка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Почитта што еден ваков проект ја буди и неговото значење весело преминуваат од технолошки проблем кон иделошко достоинство. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 87
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во една од мајските вчери, во една од оние кои се без дожд а со убаво ѕвездено небо, во оние вечерни часови кога се испразнуваат и тесните улички од под „Монмартр“, кои преку ден се полни со купувачи што одат во најевтиниот трговски дуќан на „Драјфус“, во една ваква тивка вечер се најдов во подножјето на „Монмартр“, пред оие триста скалила што ги врзуваат со прочуената црква „Сакр Кер“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во едно вакво дуќанче ја видов картата на Македонија во рамките на турската империја, во својот целосен состав - Вардарска, Пиринска и Егејска Македонија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
За Берлин се има престава дека е град кој треба да е многу голем, многу убав, со големи згради, со паркови и зеленило, со улици, авении, булевари, со сите оние атрибути што го чинат еден ваков град и голем и убав, и различен од многу други градови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Еднаш еден ваков ми продаде „златна“ белегзија, а таа била фалсификат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ниту еден ваков поразувачки доказ не можеше да ги спречи младите филмаџии да бараат пари за филм, во услови во кои седмата уметност се третираше како луксуз и очајно чуваше небаре кинеска ваза: не користеше никому, но светкаше присутно за да некој, понекогаш, не сакајќи ја оштети...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тоа волкот просто ја имаше во својата уста неговата крв и трепереше од нејзиниот вкус, а во тоа имаше и една таква безизлезност, што тој не беше во состојба да не се подигне од петици, речиси маѓепсан од едно такво ужасно навестување на една ваква чиниш од самото дно на пеколот извадена и зачекорена и наеднаш толку необорива вистина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А тој трмееше под бремето на својата тешка болка, која на еден ваков нечесен начин му ги врзуваше беспоштедно сите негови мускули и сето време мрмореше нешто и гледаше пред себе со широко растворените очи на страот, кои веќе не можеа да видат ништо во неговите природни бои, пред кои сѐ друго, освен тој страв, остануваше скриено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Месечината ги пробиваше здружените круни на дрвјата под окитот во ретки, испокинати и морничави светли пруги, кои на таа модрикава темнина ѝ дава некоја сина глобочина, а самите во една ваква зачмаеност личеа повеќе на врескање, отколку на месечина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Фрустрации Кастрации Но од каде постои толкава мотивација За една ваква здодевна нарација И потреба за патронизација На тема што бара будна опсервација Човештвото подлежи на вечна деградација Есхатологија - неминовна девијација Ќе речете - тоа е - модернизација Чекорење во простор без гравитација Кај владеат закони за левитација Без можност за поинаква визуелизација Без концепт за креација И само манипулација...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Не сум сигурен колку една ваква последица, каква што е спречувањето да се појави насмевката, може да се земе како причина што ќе разјасни одредени случувања, но знам дека токму појавувањето на твојата насмевка на моето лице, ја чувствував како обврска. Како еден вид аманет.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја сметав дури и за многу значаен залог.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Си заслужи еден ваков крај, беше голем неранимајко, непокорен, тврда глава, секогаш нешто важен, горд, одвисоко.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Мака му беше да се прости со една ваква волшебна моќ, но истовремено сакаше да има и обични раце, па реши, откако поразмисли малку, да се послужи со итрина.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)