еден (прид.) - свој (прид.)

Инаку било толку јасно, она што му го рекла со свој от поглед мечката на човекот, така што тој, потклимнат на едната своја покуса нога, веќе не можел да не ја послуша.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И навистина, во малото десетгодишно девојче се зароди љубов и омраза кон едно свое другарче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Волците се растурија, оставајќи по себе само неколку расфрлани голи коски, а еден од нив, продорно квичејќи, ја повлече по себе едната своја мртва половина, додека другиот, сигурно погоден во скокот, се стркала со сета сила надолу, меѓу стеблата, собран во грчот и мртов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пак и да има место, нема да му го дадат на еден што свршил во Србија, туку на еден свој кандидат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Само понекаде некое дрво, сето бело и прекрасно, ја подаваше едната своја страна без димензии, како некој убав дел на недоразвиена фотографија.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
При тоа сфаќам една своја темелна грешка.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)