еден (прид.) - силен (прид.)

Одеднаш тој во мене распали еден силен, дотогаш непознат оган за моето срце.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Така замислена, со името на Дине во себе а со сликата на Дине пред себе со двете жени што го држат едната од едната страна другата од другата страна како да го черечат, не ни забележува дека гасеницата од вагони се преместува од колосек на колосек и на крајот запира со еден силен дрангож.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Благодарение на познанствата од годините додека бев во “Време“, веќе по три дена ми беше испратен компресор, една силна машина, бучна, и црна катран, како локомотива.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Неа секогаш ја опфаќа една силна возбуда, или може да се рече страв од таа голема вода што тука под нив прво е една силна врева од што не се слушаат ни гласовите на луѓето, а потоа чиниш го завлекува воздухот најзината голема снага и Пела, се разбира, секогаш го има истото чувство дека тој завлечен воздух ќе се претвори во силен ветер што ќе ја откачи од рацете на мајка ѝ и баба Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таа ја сакаше својата работа, која се состоеше главно во управување и одржување на еден силен, но компликуван електричен мотор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А едно момче во бело, со некаква чудна подуеност на модрото лице од студот, оди напред пред сите, со барјачето и со белата наметка што ги даваат во црквата за таквите редови, додека тие стојат со сонати капи крај патот, сигурно враќајќи се од училиштето во тоа зимно пладне со еден силен и црвеникаво нечист одблесок на сонцето од зад валканите облаци, и засипнатиот селски поп со извиткан тенок како штичка блед нос и со проседавени валкани сиџимки нечешлана коса, спуштени по измрсените рабови на свечената одежда пее бесчувствено и колку да помине редот одвреме навреме: „Вечнаја памјат, вечнаја памјат“, затегнувајќи на секое „а“, а потоа некое од сите тие деца крај патот вели: „Дојдете“, и тие заминуваат со поворката кон гробиштата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Гркинките се приближија до Македонката, нешто ѝ проговорија и оваа бргу бргу ги завлече децата и едно по едно со изговорување на името им ги предаде на Гркинките, а овие откако ги поздравуваа со стисоци на рацете, ги сместија во нивниот џип, кренаа раце во знак на поздрав до толпата, џипот испушти еден силен прдеж и замина по истиот пат по кој и дојде.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Значи, ако и ние се лажеме во претпоставката оти националниот сепаратизам ќе биде поддржан од комитетите, од Организацијата и од македонската интелигентна колонија во Бугарија, тогаш, и во таков случај, доста е една силна српска пропаганда во Македонија за да земе најголеми размери националниот сепаратизам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)