еден (прид.) - ситен (прид.)

Реферира везирот уште за сума писма од полководците на исток и на запад по средоземноморските брегови од каде што идеа само поволни извештаи – од победи кон победи и најпосле, со извесно потценување, правејќи гримаси како за нешто безначајно, изусти: – Еве, милостиви господару, и една ситна работа, ако ми дозволиш да ти доложам.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Она што всушност ме одби од Луција таа вечер беше едно ситно движење на нејзините нозе, едно сосема беспрекорно, технички изведено поместување на нејзините колкови, со кое таа ме привлече кон себе, ме зароби, и јас се најдов токму на местото каде што треба да биде маж кога спие со жена; беше тоа една совршена технологија на водење љубов, нешто што за искусниот маж е вистинска посластица, кога ќе го сретне кај некоја жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Една ситна жена, со коса со боја на песок, која работеше во соседната полукабина до Винстон, седеше меѓу нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со часови понекогаш седеше речиси неподвижна на креветот, држејќи го неговото помало сестриче, едно ситно, болешливо, мошне тивко детенце од две или три години, со лице речиси мајмунско од слабост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
тој распалил едно ситно: лиду, лиду, лиду, лиду, и ние играме, ама лабаво, ко кал за црепни да газиме, не ти носи душата да играш делнички и со пијани војници од таму си некаде, од мајчина им, не си за никаде, мочано време, и се нишаме небаре треската да не фатила, се правиме тресиопашки, скокаме наситно, а старшијата само ја ситни свирката и тогаш пукна пушка и старшијата ја олабави гајдата таа писна и занеме и во гробиштата влегоа други војници, кај ќе бараме и за овие кокошки, си велиме, и излезе еден поголем од старшијата, со едно кило петлици нареден, и вели: отечеството крвари, а вие играте, и колкумина имате српски војници, прашува, ами колку што забраа Србите, велиме, колку што им требале и броиме на прсти: Насте, Петко, Митре, избројавме дванаесет.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)