еден (прид.) - чуден (прид.)

Штотуку гуската, со тешка мака, ги стигна своите полнолетни деца, кога однекаде доплива еден чуден гувчешки сват.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во мојата цртанка често наминуваат и едни чудни мерачи на далечини со гламјосани чела и без скафандери на главите кои сенешто премеруваат и домеруваат колку далечини собира во една детска цртанка и во една гламјосана глава без скафандер.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Еден таков момент за мене беше приликата во која заедно со еден пријател посетив некаква спиритуалистичка средба со многу луѓе во еден чуден дел од Глазгов.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ниеден од нас не познаваше никого таму; колку што знаевме, ни нас никој не нè познаваше.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Ха, ха, ха, - продолжуваше Претседателот. Беше тоа едно јадро човечиште, само за неколку прста понизок од Змејка, со широки раменици и со нешто несигурно сковано и на еден чуден начин колебливо во секоја црта од неговото лице.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)